Земјотресот со јачина од 7.7 според Рихтерова скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Во Мјанмар до сега загинале најмалку 144 лица, а 732 се повредени. Во околните села се јавува дека има уште најмалку 100 загинати. Најмалку девет лица загинале во Банкок.
Лидерот на армијата на Мјанмар прогласи вонредна состојба и ги замоли сите што можат да помогнат да пристигнат. ООН веќе е во контакт со властите.
Според податоците на USGS, епицентарот бил на околу 17.2 километри од градот Мандалаја, кој има околу 1.2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, областа била погодена од последователен земјотрес со јачина од 6.4.