Канарските Острови прогласија вонредна состојба во саботата откако силен дожд предизвика поплави на делови од островот Ланзароте, пренесува Klix.ba. Најтешко погодени се делови од Аресифе, Тегизе и Сан Бартоломе.
Фотографии и видеа на социјалните мрежи покажуваат пожарникарски екипи кои пристигнуваат да помогнат на граѓаните во Аресифе, каде што автомобилите биле потопени во матна вода.
На видео објавено од вeb-страницата Ultimas Noticias Canarias, се гледаат буриња пиво како пловат низ покриен премин, додека кујнски персонал од ресторан снима и следи сè со мобилни телефони.
Регионалната служба за итни случаи ги повика граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да не ги поместуваат своите возила доколку се наоѓаат на поплавени патишта.Во ова невреме за два часа наврнале дури 60 литри дожд на квадратен метар.
Се предвидува дека бурата Оливер ќе се движи преку Иберијскиот Полуостров, што би можело да наруши стотици илјади патувања низ Шпанија за време на велигденските празници.
Енрике Еспиноса, шефот на службата за итни случаи на владата на Ланзароте, изјави дека неколку куќи се поплавени.
„Работевме цела ноќ, примивме 300 повици, најмногу од Аресифе и Тегизе. Некои куќи беа поплавени, а остана големо количество кал,“ изјави Еспиноса за државната телевизија RTVE во неделата.
Според последните информации – нема повредени во ова невреме.