Прогласена вонредна ситуација во Бања Лука

Радио-телевизија на Република Српска јавува дека најкритично е во местото Бронзани Мајдан, а едно од клизиштата е и во Јагарама кај Карановец.

На целата територија на Бањалука прогласена е вонредна ситуација поради одрони и клишишта после обилните врнежи во последните неколку дена, изјави денес шефот на Одделот за цивилна заштита во Градската управа на Бањалука, Драган Бабиќ.

Формирани се 10 комисии кои од денеска ќе бидат на терен во сите месни заедници и ќе ја евидентираат нанесената штета, се соопштува на сајтот на Градот Бањалука.


„Тековно имаме околу 120 пријави и поради тоа формиравме 10 тимови кои ќе излезат на терен што побрзо и ќе ги евидентираат штетите, а потоа ќе предложат чекори за решавање на овие предизвици. Сè уште немаме пријава за оштетување, ниту еден објект не претрпел материјална штета“, рекол Бабиќ.

Реката Врбас се стабилизирала и дотокот на реката Врбас во Хидроцентралата Бочац е на работен ниво, а двете турбини работат со полн капацитет, додека реката Врбанија се повлекла скоро до својот минимум, навел Бабиќ.

Радио-телевизија на Република Српска јавува дека најкритично е во местото Бронзани Мајдан, а едно од клизиштата е и во Јагарама кај Карановец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни