Најмалку седум лица загинале денес во престрелка во еден угостителски објект на Цетиње, а меѓу загинатите има и деца. Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, најави три дена жалост.
Во меѓувреме тој пристигнал во Клиничкиот центар каде што се хоспитализирани ранетите. Како што изјавил за ТВЦГ, четири лица се тешко ранети и операциите се во тек.
Од МВР велат дека специјалците се на нозе а напаѓачот е наоружан е и опасен. Управата на полицијата ја објави фотографија на осомничениот А. М.
Во соопштението на полицијата стои дека во престрелката во еден угостителски објект, А. М. убил седум лица, меѓу кои и членови на своето семејство, по што наоружан ја напуштил локацијата и се дал во бегство.