Прогласена најбезбедната земја за туристи

Холандија е прогласена за најбезбедна земја во светот за туристи, според годишниот извештај на „Berkshire Hathaway Travel Protection“.

Земјата е пофалена поради својот мирољубив карактер, високите оценки за здравствената заштита, општата безбедност и сигурноста на жените, ЛГБТ+ патниците и припадниците на различни раси.

Оваа година Холандија го зазеде првото место, откако минатата година се наоѓаше на 14. позиција.

„Сведоци сме на промена во начинот на кој патниците ја дефинираат безбедноста“, изјави портпарол на компанијата за списанието Travel + Leisure. „Безбедноста денес не се мери само преку криминалот, туку и преку пристапот до здравствена заштита, климатската стабилност и општествената инклузивност. Холандија се издвојува во сите овие аспекти, што ја прави омилена дестинација за 2026 година.“

Кога станува збор за ризици, најголемата опасност таму доаѓа од брзите велосипедисти во градовите како Амстердам, што за туристите може да претставува предизвик при преминување на улиците.

Минатогодишниот победник, Исланд, кој се уште важи за најмирна земја во светот, оваа година се спушти на четвртото место поради ризиците од вулкански ерупции. Австралија се најде на второто место, Австрија на третото (откако минатата година не беше ни на листата), а Канада го заокружи првите пет.

Најбезбедни градови во светот

Меѓу градовите, Рејкјавик на Исланд е прогласен за најбезбеден – според студијата, во него нема ниту едно соседство што се смета за небезбедно. Потоа следат Копенхаген, Цирих, Амстердам и Хонолулу.

15 најбезбедни земји во светот според „Berkshire Hathaway Travel Protection“:

  1. Холандија
  2. Австралија
  3. Австрија
  4. Исланд
  5. Канада
  6. Нов Зеланд
  7. Обединети Арапски Емирати
  8. Швајцарија
  9. Јапонија
  10. Ирска
  11. Белгија
  12. Португалија
  13. Франција
  14. Обединето Кралство
  15. Данска

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни