Прогласена најдобрата земја за одгледување деца во 2025 година

Целосно нов индекс ги рангираше 82 различни земји според клучни фактори како што се образованието и трошоците за грижа за децата, а една земја се најде на врвот на листата.

Преселбата во друга држава не е секогаш само подобрување на сопствениот квалитет на живот – за оние што имаат семејства, таа може да значи повозбудлива, попродуктивна и побезбедна иднина за партнерот и децата, пренесува Time Out.

Но, кои земји нудат најдобри услови за семејства? Според новиот Индекс на имиграција на Remitly, компанија за меѓународни парични трансакции, најдобра земја за преселба во целина е Исланд.

Сепак, кога станува збор за одгледување деца, постојат уште неколку фактори што треба да се земат предвид. Remitly ги анализираше трошоците за грижа за децата, просечниот број години образование и очекуваното времетраење на школувањето во секоја земја.

На врвот на листата на најдобри земји за семејства се најде Шри Ланка, бујната островска држава во Индискиот Океан. Оваа земја постигна висок семеен индекс од 88 од можни 100 поени, благодарение на „импресивниот образовен систем“ и ниските годишни трошоци за грижа за децата, кои изнесуваат само 354,60 долари.

Покрај тоа, Шри Ланка е одлично место за живот поради своето историско наследство, прекрасната природа и неверојатната храна. Оваа земја е исто така рај за дивиот свет, со национални паркови како Уда Валаве и Кумаана, каде што може да се сретнат слонови, диви биволи, џиновски верверици, елени, крокодили, бели кобри и голем број ретки птици – што ја прави идеално место за одгледување деца.

На второто место на оваа листа се најде Шведска, а на третото Норвешка.

Топ 10 најдобри земји за семејства во 2025 година:

  1. Шри Ланка
  2. Шведска
  3. Норвешка
  4. Нов Зеланд
  5. Исланд
  6. Германија
  7. Финска
  8. Данска
  9. Австралија
  10. САД

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни