Прогласен е најдобриот град за одмор со другарки

Ако планирате патување со пријателките, Порто е токму дестинацијата што треба да ја разгледате – овој шармантен португалски град на Атлантскиот Океан е прогласен за најдобар град за одмор со пријателки.
Happy women in casual outfits enjoy live concert, sunny seascape setting. Group of girls at summer music festival on sandy beach celebrate, holding drinks, dancing. Youth culture, friendship moments.,Image: 999391022, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Artem Medvediev / Alamy / Profimedia

Според истражувањето на Titan Travel, градовите се оценувани од 1 до 10 според бројот на бесплатни атракции, безбедноста, бројот на велнес и спа центри, понудата на пабови, ресторани и ноќни клубови, како и просечните цени на хотели со три ѕвезди. Порто освои високи 8,68 поени од можни 10. Зад него се најдоа Фиренца и Единбург.

Што нуди Порто?
Градот е компактен и лесен за пешачење, што го прави идеален за кратки патувања, како викенд одмор. Посетителките можат да уживаат во културни знаменитости, вински тури, одмор на плажа и ноќни излегувања.

Гастрономија и ноќен живот
Порто е познат по својата храна – едно од традиционалните јадења е „франсезиња“, сендвич со сирење и сос од пиво. Покрај реката Дуеро има бројни рибни ресторани и винарии, а улицата Galerias de Paris е позната по баровите и динамичната атмосфера.

Рибеира
Историската населба покрај реката, Рибеира, е позната по обоени фасади, камени улички и живописна атмосфера. Од таму се пружа поглед кон култниот мост Dom Luís I, а местото често е дел од туристичките тури.

Livraria Lello
Оваа позната книжарница од 1906 година плени со своето внатрешно уредување – дрвени полици, спирални скали и декоративни тавани. Често се поврзува со инспирацијата за Хари Потер, бидејќи J.K. Rowling живеела во Порто во 1990-тите.

Плажа Матосинјош
Околу 20 минути од центарот на градот, оваа градска плажа нуди шеталишта, активности како сурфање, како и ресторани со морска храна и локални специјалитети.

Пазарот Mercado do Bolhão
По долга реновација, пазарот го задржа својот автентичен изглед. Таму можете да најдете локални производи, вино, сувенири, сардини, како и мали ресторани со традиционални оброци во мали порции – петискош.

Порто, со својата пријатна атмосфера, културно и гастрономско богатство, е совршен избор за женско патување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни