Прогласен Ден на жалост во Прилеп: Градот потресен од сообраќајката во која загинаа три медицински лица

Утрешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Прилеп откако денес во сообраќајна несреќа животот го загубија три медицински лица од градот.

Во сообраќајната несреќа денес загинаа радиологот Александар Ристески, гинекологот Никола Василевски и технологот за радиологија Фанче Јованоска, кои работеле во болницата „Плодност“.

Советот на општина Прилеп денес одржа вонредна седница на која беше изгласано утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост.

„Како градоначалник, како лекар, но пред се како човек утрово со тага ја примив веста за прераната смрт на нашите сограѓани, на еден прекрасен тим на специјалисти и медицински кадар. Еден тим кој животот го посвети во давање на помош и спасување на животи. Дури и на тој пат одеа да спасат животи. Прилеп и Македонија губат врвни луѓе, посветени на својата професија“, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчевски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни