Професорите како редари, за уште посилна поддршка на белградските студенти

Студентите и натаму, неуморно, секој ден по 15 минути ги блокираат улиците низ Србија барајќи кривична и политичка одговорност за трагедијата во Нови Сад, во која загинаа 15 лица

Во емотивна објава на инстаграм профилот на студентите од Електротехничкиот факултет при Универзитетот во Белград, тие им се заблагодарија на своите професори кои, за да ја зацврстат и да ја нагласат пoддршката кон учениците, се ставија во улога на редари.

Во објавата се вели:

,,На денешната 15-минутна блокада се случи историски момент – нашите професори коишто досега беа со нас, отидоа еден чекор напред и во функција на редари, застанаа пред нас. Не штитеа во текот на блокадата и тишината, коишто се стожери на нашата борба. Професори, Ви Благодариме од срце”, се вели во објавата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни