„На УАКС, секој студент е личност, со свои цели, таленти и амбиции. Затоа пристапот мора да биде индивидуален – со менторска поддршка, отворена комуникација со професорите и активно вклучување на студентите во процесот на учење,“ вели проф. Крлиу.
Уникатниот модел на образование на УАКС ги спојува академските стандарди со реалниот сектор. Во рамки на партнерствата со над 250 компании, студентите имаат можност за организирана пракса уште за време на студиите – нешто што, според проф. Крлиу, драматично го менува искуството на студентите. „Кога за првпат одат на пракса, студентите се враќаат со самодоверба, со појасна слика за себе и со практични вештини кои ги подготвуваат за реалниот пазар на труд“ објаснува таа.
Резултатот е 85% вработеност веднаш по дипломирање – бројка што зборува сама за себе. Но зад оваа статистика стои внимателно изграден систем: програми што се во линија на потребите на пазарот, Центар за кариера кој обезбедува менторства и поддршка за интервјуа и креирање на CV, и пред сè – квалитетна мрежа на партнери кои ја препознаваат вредноста на студентите од УАКС. „Нашите дипломци не се само академски подготвени – тие се самоуверени, мотивирани и свесни за својата вредност, кога студентите излегуваат од УАКС, тие веќе имаат искуство и развиени вештини. Тоа го прави УАКС различен,“ вели проф. Крлиу.

Меѓународниот карактер на универзитетот дополнително ја збогатува академската средина. Со преку 150 активни партнерства со универзитети ширум светот и програми за двојна диплома со престижни институции како Tor Vergata, Cattolica и Rennes School of Business, студентите имаат пристап до глобално релевантно образование.„Горда сум што УАКС е домаќин и активен учесник во академскиот свет. Особено сум горда на партнерства што не носат само признание, туку и вистински трансформативни искуства за нашите студенти преку програмите со двојна диплома.“ додава проф. Крлиу.
Осврнувајќи се на поврзаноста на УАКС и Американската Гимназија Скопје и нејзиниот успехот, проф. Крлиу истакнува: „Гимназијата и Универзитетот се природно поврзани – и тоа не е само формално. Двете институции имаат заедничка цел и ги делат истите вредности: квалитет, отвореност, критичко мислење, личен развој”. А најубавата потврда „дека сме изградиле нешто вредно – нешто што се пренесува од генерација на генерација” како што вели проф. Крлиу за двете институции, доаѓа преку фактот дека поранешни алумни од УАКС денес ги запишуваат своите деца во Американската Гимназија. „Семејството расте. И тоа е прекрасно.” вели проф. Крлиу.

Во јубилејна година, кога се слави минатото, УАКС е фокусиран на иднината – во тек се нови меѓународни иницијативи, академски проекти и партнерства што ќе продолжат да го прошируваат глобалниот печат на Универзитетот.

Зборувајќи за иднината на УАКС и Американската Гимназија Скопје, проф. Крлиу вели „Сакам да оставам институционална култура на критичка мисла, искрен дијалог, грижа за другиот и интегритет. Сакам генерации кои нема само да се академски подготвени, туку ќе бидат етички свесни, општествено ангажирани и храбри индивидуи. Мојата визија е образование кое ги надминува границите на училницата и кое остава траен белег во општеството.“ заклучува Крлиу.

Во годината на 20-годишнината, Универзитетот Американ Колеџ Скопје не е само пример за академски успех туку е и доказ дека образованието може да биде трансформативно искуство кое создава лидери што прават разлика.