На Филозофскиот факултет во Скопје денеска во 11 часот ќе биде одбележан Денот на Филозофското друштво на Македонија (ФДМ). На проф. д-р Дејан Донев ќе му биде врачена наградата „Константин Филозоф“ за филозофска книга на годината (за 2024 година) за студијата „За нашите етички основи“, а ќе биде промовирано и 36. издание на списанието „Филозофска трибина“.
Овој број е целосно посветен на филозофската дејност на акад. Ферид Мухиќ. Списанието ќе го промовира проф. д-р Денко Скаловски. Дополнително, на настанот пригодна беседа ќе одржи акад. Шефкет Крциќ на тема: „Придонесот на Мухиќ во развојот на македонската, босанската, југословенската и европската филозофија“.