Проевропски митинг утре во Букурешт и во неколку европски метрополи

Митинг во поддршка на европските вредности ќе се одржи утре во Букурешт и повеќе градови во Романија, како и во неколку европски престолнини, јавува „Зиаре“.

Организацијата „Корупцијата убива“ објави дека собирот, насловен „Евроманифест“, ќе започне во 17:00 часот на Плоштадот на победата во Букурешт.


Слични собири ќе има во Темишвар, Орадеја, Брашов, Брисел, Лондон и Даблин, а во Клуж-Напока е закажан за 16 март.

На настанот ќе биде прочитан „Манифестот за Европа“, документ потпишан од над 40 граѓански организации и илјадници граѓани од различни сфери.

„Ова не е протест, туку мирна демонстрација на солидарност со европските вредности. Во услови на растечки суверенизам и ултранационализам, „Евроманифест“ е наш мирен одговор“, велат организаторите.

Документот ќе биде доставен до романскиот парламент, Владата, претседателската администрација и институциите на ЕУ со повик за јасна поддршка на европскиот пат на Романија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни