Струмичкиот Завод и музеј го потпиша договорот за партнерство за конзерваторски проект за покривот на Римската терма во Банско

НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица го потпиша договорот за партнерство за реализација на основен конзерваторски проект за покривната конструкција на Термалното римско лекувалиште во Бањата Банско, соопштија од установата.

Проектот се реализира во рамки на Интеррег ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2021–2027 година и е финансиран од Европската Унија.

„Во партнерство со музејот од град Кукуш, Грција, аплициравме во Интерег-програмата на Европската Унија за 2021-2027 година за изработка на покривна конструкција на античкото термално лекувалиште во село Банско. Проектот е одобрен и за негова реализација се издвоени 25.830.000 денари“, информираше директорот Бранко Ѓоргиев.

Според него, овој важен проект има за цел да обезбеди заштита и одржливо управување со вредното археолошко наследство во Бањата Банско со што ќе се придонесе за зачувување на културното богатство, но и за унапредување на туристичката понуда на регионот. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни