Проектот на Добредојде Macedonia Welcome Centre, „Промовирање на женската иновација и креативност на пазарот“, поддржан од Амбасадата на Словенија, има за цел да ги зајакне жените преку развивање на нивните занаетчиски вештини и унапредување на нивните стратегии за маркетинг на производите. Времетрање на проектот е од 1ви април до 20 декември 2024.
Oваа сеопфатна обука ќе им користи на 100 учесници, учејќи ги на мануелните вештини како шиење, плетење, везење и ткаење. Програмата е дизајнирана да се фокусира на практични вештини кои учесничките можат директно да ги применат во нивните идни бизниси. Ќе бидат вклучени жени, вклучително и жени од ранливи категори од различни меѓуетнички средини, во регионите на Битола, Куманово, Скопје и Струмица, помагајќи им да растат и економски и социјално преку стекнување на нови знаења и искуства.
Кулминацијата на оваа обука ќе биде прикажана на два настани: модна ревија на Моден викенд Скопје и базар насловен „Во ритамот на македонските занаети и креации“. Овие настани ќе им помогнат на учесничките да ги претстават своите финални производи, истакнувајќи ја нивната креативност и усовршените вештини во професионален амбиент.