Блискиот Исток влегува во најопасната фаза од ескалацијата. Според повеќе извештаи, проектили погодиле цели во Дубаи, вклучително и областа околу луксузниот хотел Бурџ Ал Араб, додека ракети биле забележани и во близина на Бурџ Калифа.
Соединетите Американски Држави и Израел вчера рано наутро извршија масовни напади врз цели во Иран.
Според израелската војска, цел биле локации во Техеран поврзани со високи политички и безбедносни функционери.
Иран возврати: напади низ регионот
Иран одговори со балистички ракети и дронови и напади врз Израел, удари врз американски воени локации во Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати и нов бран ракети кон цели во Заливот
Според извештаи, сирени за тревога одекнуваат низ Израел, додека неколку држави во регионот тврдат дека пресретнале проектили.
Обединети Арапски Емирати соопштија дека најмалку еден цивил загинал од паднати фрагменти.
Иранските медиуми јавуваат за повеќе од 200 загинати и над 700 ранети во нападите. Државната агенција ИРНА објави дека 53 лица загинале при удар врз училиште за девојчиња.
CENTCOM соопшти дека нема американски жртви по нападите врз Иран.
Светските лидери повикаа на итно враќање на дипломатски решенија, додека регионот се соочува со ризик од поширок конфликт.
Трамп порача до иранскиот народ: „Се приближува часот на вашата слобода“, најавувајќи дека нападите може да продолжат.
Блискиот Исток е на работ – прашањето е дали ова е кулминација или само почеток на уште поголема регионална војна.