Проект за млади уметници „Нови Лица„ во Лабораториум

Лабораториум на 8 македонски артисти од целата држава ќе им обезбеди стручен ментор, комплетна поддршка и логистика за реализација на нивните проекти, кои ќе бидат претставени и на пошироката јавност.

Лабораториум организира нов проект за поддршка на млади уметници „Нови лица„, 8-месечна уметничка резиденција во Лабораториум, во која секој месец ќе работи по еден млад автор со ментор, а на крајот ќе се организира финален настан со презентација на сите проекти.

Иницијативата Градски ѕид – за Нови Лица на македонската културна сцена,, до крајот на годината ќе поддржи артисти од повеќе сфери: музичари, сликари, вајари, поети, писатели, аниматори, актери, режисери, филмаџии, танчери, фотографи, дизајнери – графички и модни.

Лабораториум на 8 македонски артисти од целата држава ќе им обезбеди стручен ментор, комплетна поддршка и логистика за реализација на нивните проекти, кои ќе бидат претставени и на пошироката јавност. Осумте одбрани артисти ќе добијат и авторски хонорар за својот ангажман.

Конкурсот важи за лица од 18 до 25 години. Изборот на учесници ќе го врши стручен тим, составен од докажани културни работници, професори, уметници и професионалци. Секој од нив ќе добие свој ментор, кој во текот на еден месец ќе го води, координира и надгледува креативниот процес на младиот уметник.

На крајот на годината, целиот процес ќе се преточи во еден голем настан во Лабораториум, каде сите учесници ќе здружат сили и заедно ќе ја претстават својата работа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни