Вечерва во 20 часот во Europe House Крива Паланка, ќе се организира проекција на филмот “NHA FALA” (Мојот глас) во режија на Флора Гомес, филм кој воедно е и дел од Креативна Европа.
„Иако на летото му се ближи крајот, долгите и топли денови сè уште нè дружат. За да го зграбиме максимумот од преостанатите летни денови, организираме movienight во дворчето на Europe House Крива Паланка“ велат организаторите.