Проекција на кратки видео арт филмови, од проектот Фемина во Кинотека на Македонија

Во петок на 28 јуни во 20 часот во Кинотека на Македонија, ќе има проекција на кратки видео арт филмови, дел од проектот Фемина и програмските активности на Друштвото на Ликовни уметници.

Се работи за 13 проекции на кратки видео арт филмови на македонски и странски уметници како дел од овогодинешната програма на Скопско Лето 2024.

Шестото, јубилејно издание на изложбата „Фемина 8“ е кураторски проект на Јана Манева-Чупоска во рамките на програмските активности на ДЛУМ, кој има за цел да обедини повеќе различни ликовни стилови, знаци и пораки. Изложбата „Фемина 8“ веќе има препознатлив ликовен концепт, а досега учествувале над стотина македонски и странски ликовни уметници. Препознатлива е по карактерот и ликовниот израз кој во себе содржи повеќе ликовни медиуми, од класичното штафелајско сликарство па сè до концептуални формати и нови медиуми. 

Изложбата „Фемина“ е проект во која се следи жената како субјект/објект и нејзината улога во повеќе сегменти: историски, социолошки, философски, религиски и други аспекти и гледишта. „Таа“, според основното етимолошко и граматичко значење се толкува како лична заменка за трето лице еднина од женски род. „ Оваа лична заменка се користи да се означи или посочи некоја именка од женски род, која и не мора да е присутна во моментот на зборување“. Во ликовен контекст, асоцијативно, од граматичката основа на самиот збор „Таа“, но во проширен уметнички контекст на истражување, сите овие асоцијации придонесуваат за дефинирање на насловот на видеата. Присвојните заменки се дополнителен истражувачки предизвик во концептот на надополнување на насловот на видеата „Таа“, во комуникација со присвојните заменки: таа, нејзин/нејзина/ нејзино/ нејзини, неа ја, нејзе ѝ, неа.

Проектот Фемина е дел од годишната програма на ДЛУМ и овогодинешната програма на Скопското културно лето 2024. 

Куратор на овој проект е Јана Манева-Чупоска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни