Проекција на инфлација за Европа во 2026 година: Кои земји ќе имаат највисока, а кои најниска стапка?

Инфлацијата во Европа во 2026 ќе се стабилизира. Франција со најниска стапка (1.7%), а Велика Британија со највисока (2.28%) меѓу големите економии.

Инфлацијата во Европа во 2026 година се очекува значително да се стабилизира, според проекциите на Европската централна банка (ЕЦБ) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Инфлацијата во еврозоната, која во 2024 година изнесуваше 2.4%, се предвидува да падне на 2.0% во 2025 и 1.6% во 2026 година.

Највисока инфлација ќе има Турција, со 18.5%, иако тоа претставува голем пад од 58.5% во 2024 година. Меѓу останатите европски земји, највисоки стапки се очекуваат во Унгарија (3.6%) и Романија (3.4%).

Од друга страна, Швајцарија ќе има најниска инфлација од само 0.6%, додека Франција, со 1.7%, ќе биде на второто место. Кај големите европски економии, Велика Британија ќе има највисока инфлација (2.28%) поради зголемени плати, даноци и трошоци за енергија. Франција повторно ќе биде со најниска инфлација (1.66%) благодарение на намалени трошоци за електрична енергија.

Во повеќето земји, инфлацијата ќе се намали во однос на 2025 година, освен во неколку како Шведска и Франција, каде се очекува благо зголемување. Прогнозите укажуваат дека до крајот на 2026 година, во 27 земји од Европа инфлацијата ќе остане под 2.8%.

Глобалните економски тензии, како трговските мерки на САД, може дополнително да влијаат врз инфлаторниот притисок, предупредува ЕЦБ. И покрај тоа, стабилизацијата на цените, заедно со подобрување на реалниот приход на домаќинствата, укажуваат на постепено економско смирување во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни