Продолжува поетската магија викендов во Охрид: Поетско читање во „Шила“

Годинешното издание на фестивалот покажува дека одржувањето на книжевните фестивали во земјава е од огромно значење поради афирмација на поетите, но и соработката која овозможува издигнување на културата во Македонија и дополнително поврзување со македонската публика. Поетска ноќ во Велестово, како еден од најстарите фестивали во Македонија, во континуитет работи на одржување на македонската култура и промоција како на македонски, така и на странски автори и нивното творештво во земјава.

Како дел од програмата на Поетска ноќ во Велестово, денес во 18 часот програмата продолжува во охридскиот кафе-бар „Шила“ со неколку настани за охридската публика со кои ќе биде затворено годинешното издание на поетскиот фестивал.

За овој дел од програмата предвидено е:

18:00 ч. Промоција на стихозбирката „Како сон“, избор песни од Фарид Хусеин (Азербејџан), во препев од англиски на Јулијана Величковска, издание на „ПНВ Публикации“

• 19:00 ч. „Мозаик #2“ ‒ интернационално поетско читање со домашните и странски поети: Лулзим Хазири, Рената Јамбрешиќ Кирин (Хрватска), Мирослав Кирин (Хрватска), Марија Ангеловска, Ивана Јовановска, Маја Мојсова и Андреј Ал-Асади (Македонија).

Годинешното издание на поетскиот фестивал покажува дека одржувањето на книжевните фестивали во земјава е од огромно значење поради афирмација на поетите, но и соработката која овозможува издигнување на културата во Македонија и дополнително поврзување со македонската публика. Поетска ноќ во Велестово, како еден од најстарите фестивали во Македонија, во континуитет работи на одржување на македонската култура и промоција како на македонски, така и на странски автори и нивното творештво во земјава. Тоа овозможува понатаму и соработки кои ги пласираат македонските поети во странство со книжевни преводи, како културни претставниви на земјата во Балканот и регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни