Продолжуваат студентските блокади во Белград, се приклучуваат и се повеќе средни училишта

Студентите порачаа дека нивните барања, спротивно на тврдењата на претставниците на властите, не се исполнети


Студентските блокади на факултетите во Србија продолжуваат, а деновиве им се приклучуваат и се повеќе средни училишта низ Србија. Акцијата “15 минути тишина” беше одржана и денеска во 11:52 во Белград, Нови Сад, Ниш. До инцидент дојде пред Фармацевтскиот факултет, кога автомобил влетал во масата собрани и повредил една жена.

Во блокадата до денес се целиот белградски и новосадски универзитет. Сите факултети во Крагуевец и Ниш, исто така, се во блокада.

Студентите порачаа дека нивните барања, спротивно на тврдењата на претставниците на властите, не се исполнети. Поддршка на студентите даваат и колеги од регионот и странство.

Студентите од бројни факултети на Универзитетот во Белград, Нови Сад, Крагуевец и Ниш бараат исполнување на следниве барања:

  • објавување на целокупната документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад,
  • одбивање на обвиненијата против уапсените и приведените студенти и млади на протестите по повод паѓањето на покривот на железничката станица во Нови Сад,
  • поднесување кривични пријави против напаѓачите на студентите и професорите и нивно процесуирање,
  • зголемување на средствата од буџетот на Србија за материјални трошоци на државните високообразовни установи за 20 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни