Денеска во Скопје продолжува конференцијата на тема „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“
Конференцијата која беше отворена вчера е во организација на Паневропската Унија на Македонија, во соработка со Паневропската унија на Австрија, Фондацијата Ото фон Хабсбург и Институтот на регионите на Европа од Салцбург.
На вториот ден од Конференцијата денеска воведни обраќања на конференцијата ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, претседател на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов и претседател на Меѓународната паневропска унија, Паво Баришиќ.
На конференцијата, како што наведува организаторот, ќе се одржат три панели. Првиот е Лидерски панел е на тема „Обезбедување на европската иднина на Западен Балкан: Лидерство, политичка посветеност, интеграција и регионална соработка во време на глобални предизвици”. Модератор на првиот панел е претседателот на Паневропската унија на Македонија и поранешен амбасадор во ЕУ, Лепавцов, а панелисти се претседателот на Меѓународната паневропска унија, Баришиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка, Амер Капетановиќ, претседател на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус и директорот на Фондација Конрад Аденауер-Скопје, Даниел Браун.
Вториот е Паневропска панел на тема „Проширувањето и стабилноста на ЕУ: како да се продолжи со Западен Балкан?”, со кој ќе модерира Ѓоко Вукановски од Паневропска унија на Македонија, а панелисти се Лепавцов, претседателот на Паневропската унија на Албанија, Генц Поло, претседателката на Паневропската унија на Црна Гора, Гордана Гуровиќ, поранешниот амбасадор на Србија во Европската Унија, Душко Лопандиќ и претседателката на Паневропската унија на Бугарија, Гергана Паси.
Потоа следуваат кратки обраќања на претставниците на Паневропските организации од Европа.
Третата панел дискусија е на тема „Односите на Западниот Балкан и ЕУ во променлив политички, безбедносен и економски пејзаж”, а со неа ќе модерира амбасадорот Кире Илиоски од Паневропска унија на Македонија. Главен говорник е поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а панелисти се професорот од Економски факултет – Скопје, Љубомир Кекеновски, поранешниот вицепремиер за европски прашања и амбасадор, Ивица Боцевски, поранешниот премиер Емил Димитриев и професорот на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Ветон Латифи.