Продолжува блокадата на РТС: Повторно не се емитуваше Утринската програма, блокирани улиците Таковска и Илије Гарашанина

Студентите од Универзитетот во Белград од понеделник ја блокираат Радио телевизија Србија (РТС) на влезовите во Таковска и на Кошутњак.

И утрово, пред зградата на јавниот сервис се собраа граѓани и студенти. Блокирани се улиците Таковска, Илије Гарашанина и Мајора Илиќа, каде се поставени контејнери како барикади. На крстосницата на Таковска, Илије Гарашанина и Светогорска има сообраќајна полиција.

Утринската програма на РТС втор ден по ред не се емитува, а наместо тоа, на Првиот канал се емитуваше филм.

Да потсетиме, „Дневник 3“ синоќа беше емитуван од студио на непозната локација, при што РТС го осуди таргетирањето на новинарите и ги повика државните институции и надлежните органи итно да реагираат.

Студентите кои веќе неколку дена го блокираат јавниот сервис, синоќа пуштаа музика, играа оро, а тишина настапи по полноќ кога започна Велики петок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни