И утрово, пред зградата на јавниот сервис се собраа граѓани и студенти. Блокирани се улиците Таковска, Илије Гарашанина и Мајора Илиќа, каде се поставени контејнери како барикади. На крстосницата на Таковска, Илије Гарашанина и Светогорска има сообраќајна полиција.
Утринската програма на РТС втор ден по ред не се емитува, а наместо тоа, на Првиот канал се емитуваше филм.
Да потсетиме, „Дневник 3“ синоќа беше емитуван од студио на непозната локација, при што РТС го осуди таргетирањето на новинарите и ги повика државните институции и надлежните органи итно да реагираат.
Студентите кои веќе неколку дена го блокираат јавниот сервис, синоќа пуштаа музика, играа оро, а тишина настапи по полноќ кога започна Велики петок.