Продолжува блокадата на Петтата белградска гимназија – шатори, редари и отворени врати

Учениците ја продолжија блокадата на Петтата белградска гимназија со поставување шатори и редари. Наставата е прекината, но движењето во и околу училиштето не е целосно ограничено. Директорката ја потврди блокадата како одлука на учениците.

Блокадата на Петтата белградска гимназија, која започна синоќа, продолжи и утрово. Пред училиштето се собрани ученици, поставени се шатори, има редари кои дежураат, а атмосферата е мирна и без инциденти. Блокадата е поддржана и од страна на граѓани и родители.

Главниот влез на училиштето е отворен, а учениците кои учествуваат во блокадата влегуваат и излегуваат слободно, известуваат новинарите на лице место. Иако наставата е прекината, сообраќајот на улицата Илија Гарашанин се одвива нормално.

Во текот на ноќта е поставен и штанд под шатор со донации и храна. Во внатрешноста на училиштето, на првиот и вториот кат, се гледа вклучено светло.

Пред влезот дежураат редари кои на некој начин ја контролираат влезно-излезната комуникација со училиштето.

В.д. директорката на училиштето, Данка Нешовиќ, изјави утрово дека ниту еден од вработените повеќе не може да влезе или излезе од зградата.

„Школоти е сега во целосна опсада, ако можам така да кажам. Лицата кои се внатре не дозволуваат никому да влезе или излезе,“ изјави Нешовиќ за ТВ Пинк.

Според изјавите на ученици и родители за медиумите, досега не се регистрирани никакви инциденти, а блокадата се одвива мирно.

Околу училиштето сообраќајот функционира нормално.

Потсетуваме, од вчера е активна блокадата наречена „V_blokada“, која започна како целосна физичка блокада на Петтата белградска гимназија и според најавите, ќе трае сè додека не се исполнат барањата на учениците.

В.д. директорката Данка Нешовиќ за „Блиц“ изјави дека ученици и родители влегле во училиштето откако на социјалните мрежи беше објавено дека ученичкиот пленум гласал за 24-часовна физичка блокада на училиштето.

„Во моментов не сум во училиштето, немам прецизни информации, но ми јавија дека родители и ученици се внатре и дека училиштето е блокирано,“ изјави Нешовиќ вчера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни