Продолжението на „Џокер“ со најмногу номинации за „Златна малина“

Филмот „Џокер: Лудило во двојка“ освои најмногу номинации, седум, за сатиричните награди „Златна малина“, кои се доделуваат за најлошите филмски остварувања.

Овие награди, чии номинации се објавени ден пред номинациите за Оскар, се доделуваат за најлошите филмови, актери и актерки, сценарија и филмови.

Првиот филм „Џокер“, со Хоакин Феникс во главната улога, освои Оскар за најдобар актер. Овој пат, Феникс беше номиниран за најлош актер во нов филм.

Неговата филмска партнерка Лејди Гага беше номинирана во категоријата за најлоша актерка. Сепак, и покрај критиките, филмот заработи 200 милиони долари.

На листата на номинации за Златна малина е „Мегалополис“ на Френсис Форд Копола, како и филмот „Реган“ за поранешниот американски претседател Роналд Реган.

Наградите „Златна малина“ се доделуваат од 1980 година, а номинациите ги избираат 1.000 членови на фондацијата „Златна малина“, која ја пародира Американската академија за филмски уметности и науки.

Претплата од 40 долари годишно е доволна за прием во таа фондација. Победниците кои вообичаено не присуствуваат на доделувањето на наградите добиваат златно-жолта скулптура од малина која чини 4,79 долари.

Победниците се објавуваат секоја година еден ден пред доделувањето на Оскарите, церемонијата на доделување награди на Американската академија за филмски уметности и науки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни