Продлжувата драмата околу дочекот на хрватските ракометари – Томашевиќ контра Владата: Oва е директен удар на државата врз Град Загреб и грубо кршење на Уставо

Градоначалникот на Загреб обвини дека Владата на Хрватска го прекршила Уставот и законите со преземањето на организацијата на дочекот на ракометарите и ја обвини за политичка инструментализација на спортот.
epa12685825 Croatian fans celebrate after the EHF EURO 2026 men's handball main round match between Slovenia and Croatia, in Malmo, Sweden, 27 January 2026. EPA/JOHAN NILSSON SWEDEN OUT SWEDEN OUT

радоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, денеска одржа прес-конференција, еден ден по свечениот дочек на хрватската ракометна репрезентација на плоштадот „Бан Јелачиќ“, откако репрезентацијата освои бронзен медал на Европското првенство, кое се одржа во Данска, Норвешка и Шведска.

На дочекот присуствуваа илјадници навивачи, а ракометарите пристигнаа на сцената околу 18:40 часот, предводени од селекторот Дагур Сигурдсон. Настап имаше и пејачот Марко Перковиќ Томпсон, што предизвика сериозни политички и општествени реакции.

„Маските паднаа – Владата го контролира Томпсон“

Томаcевиќ потсети дека Град Загреб претходно одбил Томпсон да настапи на јавна површина поради кршење на одлуките на Градското собрание и користење на усташкиот поздрав, по што Хрватскиот ракометен сојуз го откажа дочекот. Подоцна, Владата на Хрватска ја презеде организацијата и го повика Томпсон да настапи.

„Ова е директен удар на државата врз Град Загреб и грубо кршење на Уставот. Не паметам вакво мешање на Владата во локалната самоуправа“, изјави Томаcевиќ.

Тој остро реагираше на фактот што на дочекот, иако настапи Томпсон, немаше изведба на песната ‘Чавоглаве’ ниту усташки поздрав.

„Кога Томпсон пее на Хиподромот – има усташки поздрави. Кога пее во Арената – исто. Но, кога пее на плоштадот, на дочек организиран од Владата – нема ништо. Како е можно тоа? Ако „За дом спремни“ не е спорно, зошто Владата не му дозволи да го изговори?“ – праша градоначалникот.

Обвинувања за кршење на законите и опасен преседан

Томаcевиќ тврди дека Владата свесно го прекршила Законот за комунално стопанство, без да побара дозвола за користење јавна површина, а полицијата, како што рече, им наредувала на комуналните редари да не ја вршат својата работа, без законска основа.

„Се случи опасен преседан. Владата направи десетици комунални прекршоци. Ова не е спин, ова е факт“, нагласи тој.

Најава за Уставен суд и референдум

Градоначалникот најави дека Градското собрание ќе поднесе барање до Уставниот суд за оценка на уставноста на одлуката со која Владата го презела дочекот, а доколку судот не се произнесе – ќе следи и референдум.

„Ако ова помине, тогаш повеќе нема граници. Владата нема право да гази врз локалната автономија“, истакна Томаcевиќ, повикувајќи ги и другите градоначалници да размислат дали истото може да им се случи и ним.

„Томпсон е фактор на поделби“

Одговарајќи на новинарски прашања, Томаcевиќ повтори дека Томпсон не може да настапува на јавни површини во Загреб, бидејќи ги прекршил правилата и користел усташки поздрав.

„Кој го форсира Томпсон – создава поделби во општеството. Спортот треба да ги обединува луѓето, а не да се користи за политички пресметки“, рече тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни