Продажбата на нови автомобили на Тесла во Шпанија во април опаднала за 36 отсто, на 571 возило, во споредба со истиот месец минатата година, соопшти денес Шпанската асоцијација на производители на автомобили и камиони (ANFAC).
Како што пренесува новинската агенција Ројтерс, падот на продажбата на овој бренд е забележан низ цела Европа во првите четири месеци од оваа година, со вкупен пад од 37,2 отсто.
Во извештајот се наведува дека Европејците сè почесто купуваат кинески електрични автомобили и во голема мера изразуваат незадоволство поради политичките ставови на извршниот директор на Тесла, Илон Маск.
Извор: Танјуг