Евровизија 2026 ќе се одржи во виенската арена „Штадхале“. Вкупно 90.000 влезници ќе бидат пуштени во продажба, а обожавателите ќе можат да резервираат места за полуфиналните вечери на 12 и 14 мај, како и за големото финале на 16 мај.
Фановите имаат рок до 18 декември да се регистрираат онлајн за да добијат право подоцна да аплицираат за купување на влезниците. Цените се движат од околу 15 до 360 евра, а најскапите билети овозможуваат пристап до просторот пред бината за време на финалната вечер.
Австрија го доби правото да биде домаќин на натпреварот за најдобра песна во Европа откако контратенорот Џејџе победи на овогодинешната Евровизија одржана во швајцарскиот Базел.
Извор:N1info.rs
