Продажба на ГМО виолетови домати на пазарите во САД

Генетски модифицираните виолетови домати им овозможиле на глувците да имаат 30 отсто подолг живот.

Генетски модифициран виолетов домат создаден да има 10 пати повеќе антиоксиданси од традиционалното овошје е подготвен за продажба на американскиот пазар. Развиен е од истражувачи од Norfolk Plant Sciences со вкрстување на гени од цветовите на слапдрагон за да се додаде висока доза на антиоксиданси, кои имаат антидијабетични, антиканцерогени, антиинфламаторни и други својства што го поттикнуваат здравјето.

Виолетовиот домат беше под лупа на Службата за инспекција на животните и растенијата (APHIS) на Министерството за земјоделство на САД (USDA) 13 месеци и го доби првото американско одобрение за генетски модифициран производ одгледуван на американска почва.

Тимот на Norfolk Plant Science планира прво да продава семиња на локалните одгледувачи, кои велат дека ќе ги испорачаат нивните домати директно до потрошувачите за да добијат повратни информации за развојот на други производи од ваков или сличен вид.

Генетски модифицираниот домат за прв пат беше развиен во 2008 година, кога истражувачите додадоа два гена од цветот јам за да ја создадат преку производство виолетова боја. Карактеристичната нијанса ја создаваат антиоксидантните пигменти кои се наоѓаат и во капините и брусницата, познати како антоцијани.

Антоцијаните се хемикалии наречени флавоноиди кои ги отстрануваат потенцијално штетните молекули на кислород од телото. Иако природно ги произведуваат растенијата од домати, тие обично се наоѓаат само во лисјата, а научниците ги пренеле во плодот на растението со помош на специјално прилагодени бактерии.

Во студијата, со генетски модифицираните домати биле хранети глувци заболени од рак, а на друга група глувци со оваа болест им биле давани традиционално одгледани домати. Глувците кои се хранеле со виолетови домати живееле во просек 30 отсто подолго од оние кои биле хранети со традиционално овошје.

Интересно е да се каже дека ова истражување беше спроведено уште во 2008 година, но требаше да се почека до 7 септември 2022 година за „супер доматот“ да добие зелено светло за употреба во исхраната на луѓето од Американската агенција за храна и лекови (FDA).

Извор: geneticliteracyproject.org

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни