Продавале секси кукли со „детски изглед“: Педофилскиот скандалот го тресе интернет гигантот

Shein објави дека ги отстранил сите спорни производи и започнал внатрешна истрага во врска со педофилскиот скандал

Интернет гигантот Shein објави дека ја забранил продажбата на сите секс кукли на својата платформа низ целиот свет

Одлуката е донесена откако компанијата беше обвинета дека одредени производи имаат „детски изглед“, што предизвика јавно негодување и реакција од француските власти.

Француската организација за заштита на потрошувачите беше првата што алармираше за време на викендот, велејќи дека описот и категоријата на овие кукли „оставаат малку сомнеж за нивната педофилска природа“.

Како резултат на обвинувањата, Shein објави дека ги избришал сите сметки на продавачите поврзани со спорните производи и ќе ги заостри контролите на содржината на глобално ниво. Компанијата, исто така, привремено отстрани цела категорија производи за возрасни.

„Борбата против експлоатацијата на децата не е прашање на преговори. Иако овие производи беа дел од понудата на продавачи од трети страни, јас ова го сфаќам лично. Бараме извор и ќе преземеме брзи и решителни мерки против одговорните“, рече Доналд Танг, извршен претседател на Shein.

Француските обвинители потврдија дека добиле извештаи од Дирекцијата за конкуренција, потрошувачи и борба против измами (DGCCRF), не само за Шеин, туку и за други големи онлајн трговци на мало како што се AliExpress, Temu и Wish, за слични производи.

Истрагата ѝ беше доверена на француската агенција OFMIN, која се занимава со спречување на насилство врз малолетници. Министерот за финансии на Франција се закани дека ќе го забрани Шеин од земјата ако слични производи повторно се појават во продажба – само неколку дена пред компанијата да ја отвори својата прва постојана продавница во Париз.

Додека граѓаните протестираа против компанијата пред стоковната куќа BHV, спроти градското собрание во Париз, Шеин објави дека веќе ги отстранил сите спорни производи и започнал внатрешна истрага.

Компанијата претходно се соочи со критики за нејзиното штетно влијание врз животната средина и лошите услови за работа во фабриките што произведуваат облека за модниот гигант.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни