Пред овој рекорд, највисоката цена за дело на Густав Климт ја држеше „Дамата со вентилатор“, која беше продадена во Лондон во 2023 година за 85,3 милиони фунти.
Слика украдена од нацистите за време на Втората светска војна и која за малку ќе беше уништена во пожар, минатата недела беше продадена на аукција во Њујорк за 236,4 милиони долари. Ова ја направи второто најскапо уметничко дело, досега продадено на аукција, како и најскапото модерно уметничко дело понудено на аукција.

За „Портретот на Елизабет Ледерер“, кое Густав Климт го насликал помеѓу 1914 и 1916 година, дури 20 минути се наддаваа шест купувачи.
Маслото на платно, високо речиси два метри, ја прикажува ќерката на неговиот главен патрон, облечена во кинеско кимоно, како стои пред сина таписерија со азиски мотиви. „Сотбис“, аукциската куќа што ја организираше продажбата, не го откри идентитетот на новиот сопственик.
Сепак, уметничкото дело „Салватор Мунди“ кое му се припишува на Леонардо да Винчи е досесга најскапата уметничка слика продадена за 450 милиони долари на аукција во 2017 година.

Претставник на „Сотбис“ изјави дека портретите од ваква големина од најкреативниот период на Климт (1912-1917) се исклучително ретки и повеќето од нив се во големи музејски колекции. Тој истакна дека продадена слика е еден од само двата такви портрети што останале во приватна сопственост.
За време на Втората светска војна, сликата „Портретот на Елизабет Ледерер“, била украдена од нацистите, а подоцна за малку ќе била уништена во пожар. Сепак, во 1948 година му била вратена на братот на Елизабета, Ерих, кој често бил модел за Егон Шиле, современик и пријател на Климт. Ерих ја задржал сликата до 1983 година, кога ја продал, две години пред неговата смрт.
Пред овој рекорд, највисоката цена за дело на Климт ја држеше „Дама со вентилатор“, која беше продадена во Лондон во 2023 година за 85,3 милиони фунти.
