Според аукциската куќа „Сотби“, на аукција во Њујорк во вторник за 12,1 милиони долари, е продадена златна WC шоља „Америка“
Шољата, која е дело на италијанскиот уметник Маурицио Кателано, тежи околу 101 килограм, е целосно функционална, а почетната цена беше базирана на вредноста на златото кој во време на продажбата, изнесувала околу 10 милиони долари.

Во 2016 година, Кателан (65) создаде две верзии на златната тоалетна школка, обете наречени „Америка“. Едната беше изложена во музејот Гугенхајм во Њујорк пред да биде украдена во 2019 година од палатата Бленхајм во Англија, родното место на Винстон Черчил. Златна WC шоља, беше позајмена од музејот.
Друга верзија беше продадена во 2017 година на приватен колекционер, за кој американските медиуми јавуваат дека е милијардерот Стив Коен, сопственик на бејзбол тимот Њујорк Метс, кој сега ја стави на аукција.
Внимание во уметничкиот феномен
Аукцијата на „Америка“ предизвика голем интерес и внимателно исчекување. Пред продажбата, тоалетната школка беше изложена во бањата на новото седиште на „Сотби“, но посетителите не можеа да ја користат од безбедносни причини.
Маурицио Кателан, самоук уметник од Падова, е познат по своите необични концептуални дела. Минатата година, неговата банана закачена на ѕид, насловена како „Комичар“, беше продадена во Њујорк за 6,2 милиони долари, а купувачот, крипто-милијардерот Џастин Сан, јавно ја изеде.
Неговите дела редовно предизвикуваат медиумски дебати и контроверзии, а Кателан стана познат по комбинирањето на уметноста со провокација и хумор.
