Продадена вилата во која почина Метју Пери

Вилата во Малибу, во која Метју Пери живееше, но и почина на 28 октомври минатата година, е продадена и сега има нов сопственик.
Фото: Sotheby's International Realty

Поранешната резиденција на покојната ѕвезда од серијата „Пријатели“ ја купила филмската продуцентка и инвеститорка од Аризона, Анита Верма-Лалијан за нешто повеќе од осум и пол милиони долари, дознава Лос Анџелес Тајмс.

Од тимот на Анита велат дека модерниот имот со четири спални соби од 3.500 квадратни метри, кој Пери го купи во 2020 година за 6 милиони долари, ќе го користи како викендица во Лос Анџелес.

Метју Пери почина на 54-годишна возраст од „акутно дејство на кетамин“. Пронајден е во неговиот двор, во џакузите, каде што се удавил.

Пет лица, меѓу кои двајца лекари и долгогодишниот асистент на Пери, се обвинети за неговата смрт.

Официјалните лица рекоа дека еден од лекарите ја препишал фаталната доза на кетамин што ја убила ѕвездата.

Инаку, познато е и дека Метју Пери со години се бореше со разни форми на зависност, за кои отворено зборуваше во неколку наврати, како и во своите мемоари „Пријатели, љубовници и големата лоша работа“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни