Борбите во Мјанмар значително се намалија по минатонеделното прогласување на привремен прекин на огнот, соопштија денеска Обединетите нации.
ОН апелира на целосен прекин на огнот за да се олесни испораката на хуманитарна помош и почеток на активностите за реконструкција по големиот земјотрес што ја погоди земјата кон крајот на март.
Владејачката хунта во Мјанмар минатата недела се приклучи на барањето на бунтовниците за привремен прекин на борбите за да се олеснат спасувачките акции по земјотресот, во кој загинаа речиси 3.600 луѓе.
Но, според голем број извештаи, армијата продолжила да извршува напади и по стапувањето во сила на прекинот на огнот на 2 април.