Обвинети седум лица за сајбер-насилство кон уметничкиот директор за отворањето на ЛОИ

Седум лица заработиле обвиненија за сајбер насилство насочено кон Тома Жоли, кој беше уметнички директор на церемониите за отворање и затворање на Летните олимписки игри во Париз.
Фото: The Olympic Games/X

Француските власти соопштија дека ова се првите приведени и најавија дополнителни апсења за истиот случај.

Обвинетите, на возраст од 22 до 79 години, се соочуваат со обвиненија за закани, клевети и кибер-насилство, и им се заканува затворска казна и високи парични глоби. 

Жоли стана мета за омраза преку интернет по отворањето на ЛОИ во Париз, поради шоуто кое вклучуваше ЛГБТИ+ изведувачи и делови од истото беа погрешно интерпретирани на интернет.

Со цел да се заштити, режисерот поднесе тужба на 31 јули.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни