Француските власти соопштија дека ова се првите приведени и најавија дополнителни апсења за истиот случај.
Обвинетите, на возраст од 22 до 79 години, се соочуваат со обвиненија за закани, клевети и кибер-насилство, и им се заканува затворска казна и високи парични глоби.
Жоли стана мета за омраза преку интернет по отворањето на ЛОИ во Париз, поради шоуто кое вклучуваше ЛГБТИ+ изведувачи и делови од истото беа погрешно интерпретирани на интернет.
Со цел да се заштити, режисерот поднесе тужба на 31 јули.