Приведени последните тројца градоначалници на Кочани

Во моментов се спроведува акција по наредба на ОЈО Кочани и приведени се последните тројца градоначалници на општина Кочани, во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица.

Приведени се Ратко Димитровски ексградоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Николче Илијев ексградоначалник од редовите на СДСМ и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.

Ексградоначалниците се приведени поради сомнение за инволвираност во трагедијата со нивното постапување или непостапување.


Од ОЈО најавија повеќе информации по завршување на акцијата, во текот на утрешниот ден.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни