Приведени двајца турски новинари поради критика на Ердоган

Весникот додава дека неговиот писател Сојкан вечерва требаше да добие награда за своето новинарство, што покажува дека „главната мета на владата не се злосторства и криминалци, туку новинарството и вистината“.

Двајца турски новинари, Тимур Сојкан од весникот BirGun и Мурат Агирел од Јumhurijet, се приведени на основа, како што наведоа нивните весници, лажни обвиненија кои произлегуваат од нивната работа.

Сојкан, кој е и писател, и Агирел беа уапсени во нивните домови под обвинение дека заканувале и уценувале во истрагата што ја спровела канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул. При претресот биле прегледувани компјутери и други дигитални материјали, соопшти Јumhurijet.

Двата весника ја критикувале владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Тие детално известуваа за настаните по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, на 19 март, што доведе до најголемите протести во Турција во последната деценија.

Енес Ерманер, нивниот адвокат, протестираше против апсењето и рече дека претходно било договорено со обвинителот тие доброволно да дадат изјави денес. Сојкан и Агирел беа однесени во истанбулската полиција по прегледот во болница. Полицијата може да ги задржи до четири дена. Нема одреден датум за судска расправа.

Повикувајќи се на одлуката на обвинителството, Јumhurijet изјави дека тие биле приведени „поради можноста осомничените да побегнат, уништат, изменат или сокријат докази“.

BirGun во соопштение наведе: „Без разлика на изговорите што ги користат официјалните власти, знаеме дека главната причина за притворањето е тоа што тие еден по еден откриваа илегални дејства во сите судски постапки што се водат од 19 март и решително ги следеа системите на лаги и кражби во кои се обидуваат да ја вовлечат земјата“.

Весникот додава дека неговиот писател Сојкан вечерва требаше да добие награда за своето новинарство, што покажува дека „главната мета на владата не се злосторства и криминалци, туку новинарството и вистината“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни