Приведени 17 лица кои синоќа не ја почитувале седумдневната жалост

Полицијата соопшти дека синоќа привела 17 лица поради непочитување на седумдневната жалост поради трагедијата во Кочани.
Фото: mvr.gov.mk

Непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост е кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.

Најмногу, 12 лица, од кои едно малолетно, биле приведени во Прилеп.


Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево – еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се  приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука. 

„По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информира МВР. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни