Приведен новинар на DW во Турција

Турските власти го уапсија истражувачкиот новинар Аликан Улудaг под обвинение за „ширење обманувачки информации“ и навреда на претседателот

Турските власти го привеле во Анкара долгогодишниот дописник на германскиот меѓународен медиум „Дојче Веле“ (ДВ), Аликан Улудaг, под обвинение за „ширење обманувачки информации“ и „навреда на претседателот“, јавува Ројтерс.

Според соопштението на Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул, истрагата е покрената по службена должност врз основа на негови објави на социјалната мрежа Икс. Улудaг бил приведен во Анкара, а потоа префрлен во Истанбул каде што треба да биде сослушан од обвинител.

Од „Дојче Веле“ потврдија дека нивниот дописник, познат како истражувачки новинар, бил уапсен пред членовите на семејството. Според нивните информации, околу 30 полицајци учествувале во акцијата, при што бил извршен претрес на неговиот дом и одземена информатичка опрема.

Обвиненијата, како што наведува ДВ, се однесуваат на објава на Икс од пред околу година и пол, во која тој ги критикувал мерките на турската влада, тврдејќи дека довеле до ослободување осомничени припадници на Исламска држава, како и изнесувајќи наводи за корупција.

Директорката на ДВ, Барбара Мазинг, ги оцени обвиненијата како неосновани и побара итно ослободување на новинарот, наведувајќи дека апсењето претставува „намерен чин на заплашување“ и показател за притисоците врз слободата на медиумите во Турција.

Меѓународни организации за слобода на медиуми, меѓу кои и „Репортери без граници“, го осудија приведувањето, оценувајќи дека станува збор за дел од поширок процес на судско вознемирување на независни новинари во земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни