Мажот, кој беше приведен во Западен Сасекс во Англија во вторник навечер, е задржан под сомнение за прекршување на Законот за злоупотреба на компјутери, соопшти Националната агенција за криминал (NCA) за CNN. Тој е пуштен со гаранција под одредени услови.
„Иако ова приведување е позитивен чекор, истрагата на овој инцидент е во рана фаза и се уште трае“, изјави Пол Фостер, шеф на Националната единица за сајбер криминал на NCA.
По сајбер нападот, доцнењата продолжуваат на аеродромите во Лондон, Брисел и Берлин.
„Сајбер криминалот е упорна глобална закана која продолжува да предизвикува значајни нарушувања во Велика Британија. Заедно со нашите партнери тука и во странство, NCA е посветена на намалување на таа закана за да ја заштити британската јавност“, додаде тој.
https://n1info.rs/svet/uhapsen-muskarac-zbog-sajber-napada-koji-je-poremetio-rad-evropskih-aerodroma/Извор: N1info.rs