Единицата за Економски криминал при СВР Скопје, информира дека попладнево одзела дополнителна документација и лишила од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје.
Според првичните информации, едниот од нив е директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми
Приведувањето следи по повеќемесечни контроверзии околу управувањето со јавната чистота во главниот град и институционалните реакции на надлежните служби.
Рустеми е на функцијата од 29 јануари 2025 година. Надлежните засега не соопштуваат детали за кривичната основа, ниту за временската рамка на понатамошните постапки.