Приватното вселенско летало слетала на Месечината и стана второ комерцијално летало што стигнало до површината на Месечината.
„Синиот дух“ ја напушти Земјата на 15 јануари, откако беше лансиран од американската компанија Firefly Aerospace, со цел да истражува огромен кратер видлив од Земјата. Проектот претставува најнова соработка меѓу американската вселенска агенција НАСА и приватните компании.
Intuitive Machines, втората компанија, се надева дека во наредните неколку дена ќе го спушти својето летало „Атена“ блиску до јужниот пол на Месецот.
„Intuitive беше првата приватна компанија која слета на Месечината. Нејзиното летало „Одисеј“ стигна на Месечината на 22 февруари минатата година. Меѓутоа, мисијата траеше кратко, бидејќи леталото слета на падина на кратерот, скрши дел и се преврте.
„Синиот дух“ полета без проблеми, бидејќи кружеше околу Месечината последните две недели. Персоналот во седиштето на Firefly во Тексас беше воодушевен, аплаудирајќи и скандирајќи кога им беше соопштено дека слетувањето било успешно.
Последен пат луѓето слетале на Месечината на 19 декември 1972 година, за време на мисијата Аполо 17.
Првата приватна компанија која се обиде да стигне до Месечината беше американската фирма, Astrobotic Technology. Тие се обидоа да стигнат до Месечината во јануари 2024 година, но нивното летало не стигна до таму, поради сомневање за истекување на гориво, и се урнаи назад на Земјата.