По подолг период на проблеми со јавниот превоз, деновиве Скопјани за прв пат имаа можност да стигнат до своите дестинации без проблеми, благодарение на враќањето на приватните превозници.
Со вклучувањето на околу 150 автобуси, гужвите во јавниот превоз значително се намалија, а граѓаните можат да се движат без долго чекање и метеж во автобусите. Автобусите сега сообраќаат на неколку минути, што им овозможува на луѓето да стигнат навреме на работа, училиште или било каде.
Оваа иницијатива од страна на приватниците е знак на добра волја кон граѓаните, со надеж дека Градскиот совет ќе ги прифати нивните барања за зголемување на цената за изминат километар.Сепак, состојбата во која се наоѓаат приватните превозници е многу тешка. Тие со месеци не добиваат навремени исплати за услугите што ги вршат, а тие средства се неопходни за набавка на гориво, исплата на возачите и одржување на автобусите. Како што истакнува Јовица Зафировски, исплатата е извршена заклучно со мај, а следната исплата била направена дури во септември.Додека граѓаните уживаат во подобрената услуга, останува да видиме колку долго ќе трае оваа состојба и дали ќе се остварат барањата на приватниците. За сега, Скопје полека се враќа во нормала, а јавниот превоз повторно станува достапен за сите.