„Приватната војска на кралот Трамп“: Брус Спрингстин објави песна против агентите на ICE кои убија две лица

Насловот на песната потсетува на „Улиците на Филаделфија“ на Спрингстин, која се занимаваше со кризата со СИДА и беше тематска песна на филмот „Филаделфија“.

Песната е посветена на градот, имигрантите и во спомен на двајца граѓани Рене Гуд и Алекс Прити кои беа убиени од американската Служба за имиграција и царина (ICE).

Американскиот пејач Брус Спрингстин објави нова песна наречена „Улиците на Минеаполис“, во која го критикува „државниот терор“ во тој град.

Како што изјави, песната е посветена на градот, имигрантите и во спомен на двајца граѓани Рене Гуди Алекс Прети кои беа убиени од членови на американската Служба за имиграција и царина (ICE).

„Ја напишав оваа песна во сабота, ја снимив вчера и ја објавив денес како одговор на државниот терор во Минеаполис. Ја посветувам на луѓето од Минеаполис, нашите невини жртви-имигранти и во спомен на Алекс Прити и Рене Гуд. Остани слободен, Брус Спрингстин“, напиша Спрингстин во објава на Инстаграм.

Песната започнува со акустичен аранжман, кој подоцна се претвора во целосна инструментална придружба, при што рефренот повикува на борба против ICE со текстот „ICE, надвор од Минеаполис“.

Текстот на песната опишува како „градот што гори се борел против огнот и мразот под чизмите на окупаторите“, што Спрингстин продолжува да го опишува како „приватна армија на кралот Трамп од Министерството за внатрешна безбедност (DHS)“.

Насловот на песната потсетува на „Улиците на Филаделфија“ на Спрингстин, која се занимаваше со кризата со СИДА и беше тематска песна на филмот „Филаделфија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни