Притисок од американски конгресмени врз поранешниот принц Ендру да ги открие своите врски со Епштајн

Членот на Надзорниот комитет, Раџа Кришнамурти, за Би-Би-Си изјави дека треба да му достави на Ендру формална судска покана

 Членови на Надзорниот комитет на американскиот Конгрес што го истражува случајот на Џефри Епштајн ги интензивираа своите повици фо поранешниот британски принц Ендру да ги открие своите врски со сега починатиот и осуден сексуален престапник.

Британскиот крал Чарлс во четвртокот му ја одзеде титулата „принц“ на својот брат по повеќе месеци притисок околу врската на Ендру со Епштајн, иако Ендру Маунтбатен Виндзор отсекогаш негираше какво било кривично дело, објави Би-Би-Си.

Најмалку четворица демократи во Надзорниот комитет на Претставничкиот дом оттогаш ги обновија своите повици Ендруз да сведочи – иако панелот е контролиран од републиканците, кои не наведоа дека ќе го поддржат тоа.

„Ако сака да го исчисти своето име, ако сака да им оддаде правда на жртвите, ќе излезе и ќе одговори на прашања. Значи, тој очигледно знае што се случило и ние само сакаме да излезе и да ни каже што знае“, рече конгресменот Сухас Субрамањам.

Членот на Надзорниот комитет, Раџа Кришнамурти, за Би-Би-Си изјави дека треба да му достави на Ендру формална судска покана, иако призна дека тоа ќе биде тешко да се стори додека поранешниот британски принц е надвор од САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни