Пристигнаа првите вести за хрватската капетанка по апсењето на флотилата

Хрватската капетанка Морана Миљановиќ, која командуваше со еден од 50-те бродови што се обидоа да достават хуманитарна помош во Појасот Газа, е добро и се наоѓа на безбедно место, соопшти во саботата навечер Иницијативата за слободна Палестина.

Израелската војска ја пресретна флотилата и ги уапси членовите на екипажите, а во саботата депортирала 137 лица, додека десетици други сè уште се во притвор.

„Морана е добро, на безбедно е. Ќе се јави кога ќе има можност,“ одговорија од Иницијативата за слободна Палестина на прашање од агенцијата Хина.

Хрватската правничка Миљановиќ била дел од екипажот на бродот Shireen, именуван по храбрaта палестинскa новинаркa Ширин Абу Акле, која беше убиена во 2022 година од израелски војници додека известувала за нивната акција во бегалски камп. Бродот Shireen бил задолжен за обезбедување правна поддршка на останатите бродови во флотилата.

Во саботата навечер Миљановиќ не била достапна за коментар.

Истовремено, низ повеќе европски градови — меѓу кои Барселона, Рим и Даблин — стотици илјади луѓе излегоа на улиците протестирајќи против апсењето на меѓународната флота Global Sumud, позната и како „Флотила на слободата“.

Иницијативата за слободна Палестина најави протест на 18 октомври на Плоштадот бан Јелачиќ во Загреб.

„Израел изврши чин на тероризам врз државјани на други земји. Станува збор за повреда на суверенитетот на државите под чии знамиња пловеа бродовите,“ се наведува во соопштението на платформата, која претходно обвини дека израелската војска нелегално упаѓа во бродови во меѓународни води.

Израелското Министерство за надворешни работи порача дека ниту еден брод нема да биде пуштен да стигне до Појасот Газа, нарекувајќи ја хуманитарната мисија што тргна од пристаништата во Шпанија, Италија, Грција и Тунис – „провокација“.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни