Крајот на неделата донесе постудено време и ниски утрински температури кои ќе продолжат во текот на идната недела.
Утрово најстудено беше во Берово каде се измерени -3 степени. По него следува и Лазарополе со 0 степени.
Tемператути малку над нулата беа измерени во Струмица, Попова Шапка, Маврови Анови, Битола,
Тетово, Демир Капија, Штип, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Охрид, Виница, Пожаране.
Во Скопје утринската температура беше 7 степени, а најтопол град беше Велес.