На камерите од ски центрите низ Словенија може веќе да се забележат снежни сцени. Засега најмногу снег има на Кредарица, планина во Словенија висока 2515 метри.
Според метеоролозите повеќе снег се очекува во текот на денот, но и утре и за време на викендот, кога се очекува словенечките планини да имаат поголема снежна обвивка.